Убава најава за настапи во две големи градски дербија- Лацио го бара Миовски, Атанасов се сели во Краковија

Двајца македонски репрезентативци, Бојан Миовски и Јани Атанасов ќе имаат можност да направат трансфери во овој преоден рок и тоа во клубови што учествуваат во две значајни градски дербија во Европа.

За Миовски има интерес од италијанскиот гигант Лацио, кој според „Калчомеркато“ е подготвен да му плати меѓу 2,5 и 3 милиони евра на Абердин, чиј член е македонскиот репрезентативец.

Ако се реализира трансферот шкотскиот клуб би ќарил петпати повеќе, откако за Миовски му плати нешто над 600 илјади евра на унгарски МТК.

Во гтаков случај Бојан би играл во едно од најголемите градски дербија во Европа, римското меѓу Лацио и Рома, а би му се приклучил на Елиф Елмас како двајца наши репрезентативци што играат во Калчото.

Атанасов има понуда од полска Краковија, а Хајдук од трансгферот би добил 200 илјади евра, објавија хрватските медиуми.

Јани е долг период член на сплитските били, но не игра стандардно, па веројатно ќе ја прифати понудата.

И тој, ако се пресели во Краковија би имал шанса во иднина да игра во големо и значајно градско дерби, тоа на Краков против Висла, што е едно од најжестоките и најопасни и во Полска и на Стариот континент.

За тоа ак се оствари трансферот има само едне услов, гигантот Висла, кој е клуб со огромно реноме да се врати во Првата лига, односно во популарната Екстракласа.

Дерби дуелите меѓу Краковија и Висла во во топ-10 градски дербија според нивото на ризик, а во блиското минато дури имаше пресметки по улиците на Краков со мачети и со други опасни предмети.

- Оглас -

Најнови вести