Учеството во новото коло на Спортска прогноза е задолжително

Со мечевите Шведска – Романија и Малта – Фарски острови, кои почнуваат во 18 часот, стартува новото коло од Спортската прогноза. Тоа значи дека имате само уште неколку часа за бесплатно да играте и доколку погодите 10 или повеќе од 13-те двојки, да добиете награди.

Во ова коло на Спортска прогноза, треба да се погодат исходите на мечеви во кои играат репрезентации, најголемиот дел од квалификациите за Европското првенство 2020.

Од денешната понуда, има само три меча. Треба да погодите како ќе заврши мечот помеѓу Шведска и Романија, како и дуелот на две мали островски држави, Малта и Фарските острови. Третиот денешен пар е Албанија – Турција, меч на селекциите до 21 години. Вчера сениорите на Турција победија, но не значи со сигурност дека и младинците ќе го повторат успехот.

За утре има седум меча, а четири меча од понудата се во понеделник. Резервните парови кои ви носат поени во Генералниот пласман, носат интересен меч од Аргентина, и астуриското дерби Спортинг Хихон – Овиедо од шпанската Сегунда дивизија.

Правилата и подароците се исти, како и досега. За да освоите мобилен телефон iPhone XS треба да ги погодите сите 13 парови кои се дадени на понудата. Еден промашен меч ве носи до мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018, додека со 11 и 10 погодени парови ќе добиете вредносни ваучери од Sport Life обложувалниците.

Освен тековните неделни подароци, константноста во играњето на Спортска прогноза ќе ве донесе чекор поблиску до висок пласман во Генералниот пласман, каде исто така има убави изненадувања за најуспешните на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести