Удирањето на Роналдо не е за оправдување, ама и детето непристојно ги провоцирало играчите (ВИДЕО)

Удирањето на Кристијано Роналдо на детето коешто има аутизам и дислексија стана вирално на интернет, а Португалецот потоа веднаш се извини и го покани младиот фан на Евертон да дојде на „Олд Трафорд“.

Но, Џејкоб ја одбил поканата, а тоа го изјави неговата мајка, Сара Кели, за тамошните медиуми.

Сепак, ако се погледне снимката од телефонот на Џејкоб, моменти пред тој да биде удрен од Роналдо, младиот фан навистина со непристојни изрази им се обраќаше на останатите фудбалери на Манчестер јунајтед.

Тоа најдобро може да се види по изразот на лицето на Бруно Фернандеш, кој беше зачуден од зборовите на Џејкоб додека поминуваше во тунелот.

Не го оправдуваме удирањето на Роналдо, но понекогаш и фановите треба да знаат што да зборуваат пред некој фудбалер што е нервозен од поразот.

- Оглас -

Најнови вести