Удинезе и Челзи ќе играат вторпат во рок од 12 часа, денеска не е дозволено присуство на публика

Удинезе и Челзи одиграа еден пријателски меч синоќа, а пак ќе играат и денеска од 11 часот и повторно во Удине, на „Дачија“ арена, но сега без публика.

Вчерашниот меч заврши со победа на премиерлигашот од 3:1, а белег беше деби голот на Рахим Стерлинг за Челзи.

Претходно Канте погоди за клубот од Лондон, а со погодок печат на победата стави Мејсон Маунт.

Единствениот гол за Удинезе беше дело на Делофеу во финишот на првото полувреме.

Илија Несторовски малку играше вчера на првиот меч и доби шанса како резерва од клупа од 84. минута.

Македонскиот репрезентативец е најдобар стрелец на Удинезе во подготвителниот период и постигна шест гола на 7 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести