Удинезе не греши двапати, го задржа спасителот

Удинезе објави дека нема да згреши вторпат по ред и дека овојпат ќе го задржи спасителот Игор Тудор како шеф на стручниот штаб на подолг период.

Лани Тудор имаше куса, но успешна мисија во Удине и во финишот на сезоната успеа да го спаси клубот од испаѓање. Потоа не дојде до договор меѓу двете страни, па Хрватот си замина.

И сега повторно во финишот на италијанскиот шампионат од Удинезе се сетија на Тудор, го вратија на местото на Давиде Никола, кој доби отказ.

Тудор го водеше Удинезе во последните 11 кола во Серија А и успеа да му донесе опстанок на клубот, па сега конечно ќе биде малку подолго како кормилар на тимот од Удине.

- Оглас -

Најнови вести