Удрената судијка која му пресуди на Ѓоковиќ воодушевена од Хрватска и навива за Надал?!

Сплет на невнимателност и несреќни околности беа кобни за Новак Ѓоковиќ, кој со топче ја погоди линиската судијка, чиј идентитет српскиот тенисер не сакаше да го открие, но јасно беше дека нема да биде проблем да се најде нејзиното име. Станува збор за Американката Лора Кларк, која според фановите на Новак, добро одглуми дека е повредена од ударот.

Лора е од сојузната држава Кентаки, а на нејзините профили на социјалните мрежи може да се види дека ужива во патувањата и дека во мај 2017 година била во Дубровник и искажала воодушевување од тој хрватски град.

„За фановите на Игрите на престолот, Дубровник, Хрватска, е бомба“, напиша Лора која долги години е линиски судија на АТП и ВТА тур.

Инаку,  се претпоставува дека Лора навива за Рафаел Надал на тениската сцена, откако ѝ се откриени постари објави на социјалната мрежа „Твитер“, во кои споделува фотографија од Надал како го освојува турнирот во Барселона во 2017, на кој и самата била дел од арбитражниот тим.

- Оглас -

Најнови вести