На задутрешниот меч Данска – Македонија на „Паркен“ во Копенхген од баражот за Светското првенство, главен судија ќе биде Германецот Феликс Цвајер од Германија.
УЕФА делегира германски судии (главен, помошници, четврти судија, и судија во ВАР соба) за овој меч и покрај тоа што Германија е сосед на Данска. Тоа може да не е и толкав проблем, колку контроверзиите кои се поврзуваат со главниот арбитер Цвајер.
Тој во 2005 година, кога бил помошен судија, суспендиран е на шест месеци поради земање мито од 300 евра за да намести меч на којшто судел. Докажано е дека зел пари, но не е докажано дека имал влијание врз исходот, па не доби доживотна забрана. Потоа продолжи да суди и од 2012 година е интернационален судија.
На Цвајер му се припишуваат и други гревови, како досуден скандалозен пенал за Англија против Холандија во полуфиналето на ЕП 2024. Во 2021 година, Џуд Белингам, кога уште играше во Бундеслигата, по неколку спорни одлуки во полза на Баерн против неговата Борусија Дортмунд рече дека „не очекувал ништо повеќе од судија кој учествувал во местење натпревари во минатото“.
Цвајер требаше да ни суди во септември 2023 во Скопје против Италија, но непосредно пред мечот, УЕФА ги смени судиите.
Се надеваме дека в четврток нема да има директно или индиректно влијание врз резултатот.

