УЕФА ги објави тројцата кандидати за играч на сезоната

Плејмејкерот на Челзи и италијанската репрезентација, Жоржињо, кој годинава стана европски првак и на клупска и на репрезентативна сцена, е фаворит за добивање на признанието за играч на сезоната во натпреварувањата на УЕФА.

УЕФА ја објави кратката листа од тројца кандидати за наградата. Тоа се: Жоржињо, Кевин де Бројне и Н’голо Канте. Победникот ќе биде прогласен на 26 август на церемонија во Истанбул. Во гласањето учествуваат тренери на клубови кои играа во Европа и новинари. Лани наградата ја доби Роберт Левандовски, кој овојпат е петти. Четврти е Лионел Меси.

За тренер на сезоната, кандидати се: Жосеп Гвардиола, Роберто Манчини и Томас Тухел.

- Оглас -

Најнови вести