УЕФА го казни Левски со 40.000 евра и забрана за следно гостување на нивните навивачи

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни фудбалскиот клуб Левски од Софија со 40.000 евра за дискриминаторско поведение, вклучувајќи и скандирање на етничка основа и политичски пароли, како и нереди на трибината за гостински навивачи.

Освен това, Левски доби и забрана за продажба на билети на своите фанови за следното гостување на тимот во европските купови, а ако има прекршок на следнниот домашен меч на тимот, тоа е против Шкупи, стадионот „Георги Аспарухов“ ќе биде делумно затворен.

Сините од Софија се обратија до своите навивачи пред реваншот в четврток, и побараа од нив да нема агресија, насилство, расизам, дискриминација, ксенофобија и политички скандирања, бидејќи клубот нема да може да ги плати евентуалните дополнителни тешки казни од УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести