УЕФА го казни Манчестер сити само за 1-2 сантиметри

Манчестер сити ќе мора да плати 3.000 евра казна добиена од УЕФА поради една навидум банална причина. Англискиот тим на дуелот против Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампиони прекрши едно чудно правило.

На тренерките кои ги носеа фудбалерите пред почетокот на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ стоеше реклама која беше поголема од дозволената. Според правилото, рекламата која може да стои под логото на клубот не смее да биде поголемо од 20 сантиметри квадратни.

Манчестер сити сигурно нема да има проблем да ги плати тие 3.000 евра, сума која е смешна за еден ваков англиски гигант. Сити победи против Реал Мадрид со 2:1 и има огромна предност пред реваншот во Манчестер.

Оваа казна Граѓаните од УЕФА е банална во споредба со тоа што претходно го добија како забрана, а тоа е двегодишна суспензија од натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести