УЕФА ѝ го одзеде на Русија финалето во Лигата на шампионите, ќе се игра во Париз

УЕФА донесе очекувана одлука и финалето во Лигата на шампионите во тековниот циклус нема да се игра во Санкт Петербург, а рускиот град ќе го замени Париз, кој ќе им биде гостин на двете најдобри екипи на Стариот Континент.

Наместо на „Газпром аренатата“ во Санкт Петербург, на 28 мај за титулата европски првак ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз.

Челниците на УЕФА донесоа уште една важна одлука, што се очекува да ја потврди и ФИФА, а се однесува и на баражите за настап на Мундијалот во Катар.

Репрезентациите на Русија и Украина поради воениот конфликт и нивните клубови нема да можат да бидат домаќини на натпреварувања под капата на УЕФА.

Засега дозволено е Спартак Москва да ги игра натпреаврите во Лигата на Европа, но не може да биде домаќин во Русија.

Ждрепката за осминафиналните дуели е денеска, од 12 часот, во Нион.

 

- Оглас -

Најнови вести