УЕФА ја исфрли Осасуна од Лигата на конференции

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека ја исфрли екипата на Осасуна од Лигата на конференции во која шпанскиот тим требаше да стартува од плејофот.

Шпанскиот тим ја потврди казната и објасни дека таа е изречена поради вмешаност во местење на натпревари во сезоната 2013/14. Осасуна исто така потврди дека ќе се жали на оваа одлука.

Шпанските медиуми пишуваат дека местото на Осасуна во плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции ќе го зазеде Атлетик Билбао, кој сезоната во Ла Лига ја заврши на осмото место, веднаш зад тимот од Памплона.

- Оглас -

Најнови вести