УЕФА ќе ја освојува Америка, финалето на ЛШ во 2025 година ќе се игра во Њујорк?

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, сериозно ја разгледува можноста финалето на Лигата на шампионите во 2015 година да се игра во САД и тоа на стадионот „Метлајф“ во Њујорк, каде што мечевите како домаќини ги играат тимовите Њујорк џајантс и Њујорк џетс, кои се натпреваруваат во НФЛ-лигата во американски фудбал.

Северна Америка е голем пазар на кој УЕФА се труди да се пробие, а можеби веќе за четири години, ако се формира Суперлигата или се примени некој нов концепт на ЛШ како што се најавува, првото финале би било во Њујорк.

„Ако патувате од Португалија до Азербејџан, на пример, тоа е речиси исто како од Португалија до Њујорк. За навивачите не би било проблем“, изјави Александер Чеферин уште пред неколку години, кога ја презеде претседателската функција во УЕФА.

Стадионот „Метлајф“ има капацитет од 82.000 седишта и сместен е во источен Радерфорд во Њу Џерси. Отворен е во 2010 година, наместо стариот легендарен „Џајантс стадион“. Останува да се види дали ова е само идеја и пуста желба или ќе дојде до нејзина реализација.

- Оглас -

Најнови вести