УЕФА: Најубав гол во колото во ЛШ е оној на Халанд против Борусија (Видео)

Голот на Ерлинг Браут Халанд за победа на Манчестер сити против Борусија Дортмунд од УЕФА е прогласен за најубав во второто коло на Лигата на шампионите.

За пофалба е и асистенцијата и центаршутот со надворешниот дел од копачката на Жоао Кансело, а завршницата на Халанд беше спектакуларна. Тој изведе и атрактивен акробатски потег при сместувањето на топката во мрежа.

Други кандидати за признанието беа головите на Артур Гомес од Спортинг Лисабон на дуелот со Тотенхем во вторникот, на Мислав Оршиќ од Динамо Загреб против Милан, и изедначувачкиот на Џон Стоунс од Сити против Борусија.

- Оглас -

Најнови вести