УЕФА нема да ги казни Турците за војничкиот поздрав во Истанбул

УЕФА објави дека нема да има истрага, ниту казни за Турција, по војничкото салутирање на репрезентативците при прославата на победничкиот гол против Албанија.

Тосун во последните моменти од дуелот искористи грешка на одбраната на Албанците и погоди за триумф на Турците од 1:0.

При прославата на голот, што веројатно ќе значи и настап на Европското првенство во 2020 година, турските репрезентативците и отпоздравија на публиката со познатото војничко салутирање. Многумина велат дека тоа е политички гест, со кој се поздравува акцијата на турската армија, која започна воени операции во Сирија, што според правилата на УЕФА строго се казнува, но европската куќа на фудбалот објави дека нема да има истрага.

 

 

- Оглас -

Најнови вести