УЕФА објасни зошто третиот гол на Ајакс против Реал е регуларен

Ајакс ги сруши сите надежи на Реал Мадрид за четврта титула во низа во Лигата на шампиони, откако сензационално славеше со 4:1 на „Сантијаго Бернабеу“ и го елиминираше во осминафиналето. Холандскиот тим одигра одличен меч, но еден момент остана спорен.

Акцијата по која Ајакс го постигна третиот погодок, беше проверена и со ВАР системот, а судиите решија дека голот е регуларен, иако постоеше дилема, дали во зачетокот на акцијата, топката ја помина аут линијата. При таа ситуација, линискиот судија не покажа ништо, а дури и по прегледување на ВАР системот не беше најден спорен момент, односно дека топката со целито свој обем ја поминала линијата.

УЕФА и официјално ја објасни целата ситуација при третиот гол на Ајакс.

„Немаше ниту една снимка на која ќе можеше без никаков сомнеж да се потврди дека топката со целито свој обем ја поминала аут линијата. Токму затоа немаше потреба главниот судијата да ја гледа повторно таа ситуација со ВАР системот. Линискиот судија стои совршено во позиција и тој не сигнализираше дека имало аут. Затоа и голот на Ајакс е признат“, стои во објаснувањето на УЕФА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести