УЕФА одложи уште еден меч !

Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши да го одложи дуелот меѓу Тотенхем и Рен, во Конференциската лига. Причина за одложување на оваа средба е „нападот“ на Коронавирусот над англискиот тим.

Ова е втор меч кој вечерва УЕФА го одложува. Првиот меч е тој меѓу Аталанта и Вилјареал кој вечерва требаше да се игра во Бергамо, но е одложен за утре поради временските непогоди.

Голем број на фудбалери, но и членови на стручниот тим на Тотенхем се заразени со опасниот вирус, па Англичаните побараа одложување на средбата со Рен. УЕФА дополнително ќе го одреди терминот кога ќе се игра средбата на која Тотенхем со победа треба да обезбеди место во нокаут фазата во третото по ранг клупско натпреварување во Европа.

Рен веќе е сигурен во следната фаза затоа што има 11 бода од 5 меча, додека Тотенхем може да ја загуби втората позиција од Витесе.

- Оглас -

Најнови вести