УЕФА подготвува голема промена за ЕП, проблем за селекторите

Селекторите на сите репрезентации кои ќе играат на фудбалското ЕП, имаат рок до крајот на мај да го испратат списокот на играчи на кои сметаат за настап на континенталниот шампионат. УЕФА ја разгледува можноста да го зголеми бројот на играчи во селекциите од 23 на 25, за да го намали притисокот врз тимовите среде пандемија.

Еуро почнува на 11-ти јуни, треба да се игра во 12 градови, а меѓу учесниците првпат ќе биде и македонскиот национален тим. Секој тим ќе смее да направи по пет измени на еден меч, а дали ќе има публика, ќе одлучуваат локалните власти. Кон крајот на месецов треба дефинитивно да се знае во кои градови ќе се играат мечевите.

- Оглас -

Најнови вести