Атлетико Мадрид и Арсенал ремизираа 1:1 во првиот меч од полуфиналето во Лига на шампиони, а двата погодоци беа постигнати од пенал. На дуелот на „Ванда Метрополитано“, судијата Дани Макели досуди и трет пенал и тоа беше во корист на Арсенал, во финишот на дуелот.
Сепак, по реакција од ВАР собата, арбитарот Макели беше повикан да гледа повторена снимка, по која судијата ја поништи одлуката да има пенал, па гостите не шутираа по втор пат од белата точка.
Actually fair choice from ref not to award second penalty to Arsenal#AtleticoArsenal pic.twitter.com/2HV6vkBXe0
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) April 30, 2026
По мечот, тренерот на Арсенал, Микел Артета реагираше зошто неговиот тим не добил втор пенал, а подоцна од УЕФА стигна кратко објаснување за спорната ситуација.
„Играчот на Атлетико со бројот 17 не направи фаул над противникот“, стои во штурото објаснување од европската куќа на фудбалот, без никакви дополнителни објаснувања.

