Артета: Не разбирам зошто ВАР системот ни поништи чист пенал

Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа нерешено 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите во Мадрид. Арсенал поведе со Виктор Ѓокереш од пенал во 44-тата минута, а потоа Атлетико израмни со погодокот на Хулијан Алварез во 56-тата минута, исто така од пенал.

Натпреварот беше обележан со бројни шанси и три одлуки за пенали, од кои една беше поништена по интервенцијата на ВАР. Микел Артета беше бесен на одлуката да се поништи пеналот на Арсенал во завршницата на средбата. Се играше 78-мата минута, кога судијата повторно покажа пенал за Топчиите по дуелот помеѓу Хенк и Езе. Откако го прегледа видеото, Макели ја поништи својата одлука, што предизвика жестока реакција од гостинскиот тим. Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер по натпреварот беше разочаран.

„Беше чист пенал врз Езе, не разбирам зошто беше поништен по интервенцијата на ВАР. Првите два пенали беа пенали, а тие никогаш немаше да бидат досудени во Премиер лигата, но ова е Лига на шампиони“, рече Артета, а потоа додаде: „Не сум задоволен од тоа како го отворивме второто полувреме, но бевме подобри во последните 20 минути“.

Реванш мечот ќе се игра на теренот на Арсенал, а ситуацијата со поништениот пенал може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести