УЕФА предложи во француското првенство да се одигра плејоф

Француското фудбалско првенство е единствено од најсилните пет лиги во Европа кое реши да не ја продолжи сезоната, туку да објави предвремен крај. Уште пред еден месец во Франција беше донесена одлука дека поради пандемијата од Коронавирусот, до 1 септември се забрануваат сите спортски настани. Пари Сен Жермен кој беше убедлив лидер, беше прогласен за шампион.

Францускиот весник „Ле Парисиен“ контактирал со УЕФА и побарал објаснување дали е можно шампионатот сепак да продолжи во еден плејоф систем. Одговорот на УЕФА бил позитивен затоа што европската федерација секогаш се загала да има натпревари.

„Во случај да продолжи првенството, може да се одигра плејоф. Сепак, УЕФА нема моќ да донесе такво решение. Доколку продолжи првенството, тоа ќе мора да заврши до 2 август“, стои во објаснувањето на УЕФА.

Ваквата желба да се игра фудбал во Франција во следниве два месеци сепак е многу нереална, ако се знае дека фудбалерите веќе оддамна се заминати во своите земји и се надвор од тренажен процес.

Челниците на француските клубови се пожалија дека одлуката првенството да биде прекинато значело и нивна загуба од 600 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести