УЕФА прилично „солено“ ја казни ФФМ за исвиркувањето на бугарската химна!

УЕФА ја одреди казната за Македонија, поточно сумата која треба да ја плати Фудбалската федерација за однесувањето на навивачите на арената „Тодор Проески“ на средбата со Бугарија од Лигата на нациите.

Вкупната глоба е 14.500 евра.

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни ФФМ со 10.000 евра за исвиркувањето на бугарската химна и уште 4.500 евра за фрлени предмети на теренот за време на мечот.

За црвениот картон на 26 септември против Бугарија, Тодор Тодороски доби забрана на настап на еден меч во дресот на репрезентацијата.

 

- Оглас -

Најнови вести