УЕФА утре ќе го укине ВАР-системот!

Европската фудбалска федерација мака мачи за тоа кој е најдобриот начин да се продолжат и конечно да се комплетираат мечевите од прекинатите натпреварувања од сезоната. Вчера беше потврдено дека УЕФА бара од националните федерации да најдат начин како да се доиграат натпреварите.

Извршниот комитет на УЕФА најави дека утре ќе има нов состанок на кој ќе се разговара за уште една клучна точка, а тоа е дали ќе се усвои предлогот за укинување на ВАР-системот. Овој систем им беше од голема помош на судиите околу донесување исправни одлуки во сомнителни ситуации.

Сепак, многу веројатно е дека помошта од ВАР-технологијата нема да биде во продолжување на сезоната, и тоа поради пандемијата од Коронавирусот. Оние судии кои се во собата каде што ги гледаат сомнителните ситуации, едноставно не може да го испочитуваат правилото за „социјална дистанца“, односно да бидат на два метри растојание. Токму затоа ВАР-системот многу веројатно дека од утре ќе биде „суспендиран“ сè додека трае опасноста од Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести