УЕФА воведе ВАР-систем во квалификациите за СП 2022

Европската фудбалска федерација (УЕФА), согласно со ФИФА, реши да го воведе ВАР-системот во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Оваа одлука на УЕФА е во средината на квалификациите, но дојде по неколкуте спорни ситуации што влијаеа на резултатите на повеќе средби.

Најголемо внимание предизвика дуелот во Белград меѓу Србија и Португалија, кога Кристијано Роналдо даде гол во 93-тата минута, но поради отсуството на ВАР-системот и гол-линија технологијата, судијата не забележа дека е погодок, па Португалците беа оштетени. Доколку беше признат погодокот на Роналдо, Португалија ќе победеше со 3:2.

Македонија во квалификациите за СП 2022 одигра три меча и освои шест бода. На стартот го победивме Лихтенштајн убедливо со 5:0, потоа несреќно загубивме на гости кај Романија со 3:2, а потоа го направивме најголемото изненадување откако со 2:1 на гости ја победивме Германија.

По три кола, Македонија со шест бода е на второто место, зад лидерот Ерменија, која има девет бода, а зад нас се Германија со шест бода, Романија 3, Исланд 3 и Лихтенштајн без бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести