Уеска загуби и испиша историја

Леганес триумфираше против Уеска со 1:0, со голот на Јусеф Ел Несири со 73. минута, и дојде до петтата победа сезонава, со која малку се одлепи од делот на табелата кој носи испаѓање.

На Леганес кој одамна нема пораз во првенството, трите бода му се многу важни, а Џонатан Силва ја имаше третата асистенција сезонава со што е најдобар во мадридскиот тим.

Уеска има девет порази по ред на гостински терен. Сепак, она по што ќе се памети овој меч е негативниот рекорд кој го поставија гостите.

Уеска стана првиот тим во историјата на шпанската прва лига кој примил гол на сите 19 меча во првата полусезона. Тоа е тим кој ниту еднаш сезонава не одигра 0:0, затоа што има лоша одбрана. Пред Уеска, гол на секој меч од есенскиот дел од сезоната имал само уште Атлетико Тетуан во далечната 1951/1952 сезона, кога Примера имаше 16 члена, па Атлетико примаше гол на 15 средби по ред, што е помалку од учинокот на Уеска.

- Оглас -

Најнови вести