УФЦ шампионот воведува ред по улиците во САД (Видео)

Џон Џонс, шампионот во полутешка категорија во УФЦ верзијата, реши дека треба да излезе и да го сопре насилството кое во последните неколку дена се случува по улиците во поголем број градови во САД. Во дел од Америка владее хаос поради демонстрациите по трагичната смрт на Џорџ Флојд, кој почина додека полицаец со ногата стоеше над неговиот врат и едноставно беше загушен.

По тој инцидент, голем број луѓе излегоа на протести, кои прераснаа во насилни демонстрации, а Џонс верува дека тоа не е решение. Според УФЦ шампионот, треба да се застане на патот на младите луѓе кои уништуваат туѓ приватен имот. На една од снимките која се појави, Џонс на двајца тинејџери им ги одзеде спрејовите со кои шараа низ улиците.

„Каква врска ова сега има со Џорџ Флојд? Зошто тинејџерите ги уништуваат нашите градови? Како млад црнец, верувајте дека сум бесен поради тоа што се случи, но ова не е начин. Ако навистина ги сакате своите градови, тогаш мора да ги чувате. Ги повикувам сите родители да го повлечат своите деца во домовите“, нашиша Џонс на видеото кое го постираше на својот профил на социјалните мрежи.

Ова видео доаѓа само неколку часа откако се појави видео на кое НБА ѕвездата Џеј-Ар Смит истепа еден од демонстрантите кој му го искршил прозорецот од возилото.

- Оглас -

Најнови вести