Украина се спаси, УЕФА ја одби жалбата на Луксембург за настапот на Мораес

УЕФА ја одби жалбата на Луксембург и одлучи мечот со Украина во март да се регистрира со постигнатиот резултат од 1:2.

Украинците победија на гостински терен, но спорен беше настапот на Жуниор Мораес, кој само една седмица претходно доби пасош и играше на дуелот во март.

Се жалеа и Португалците, кои се во група со Украина и Луксембург во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година, но попусто бидејќи УЕФА пресече во корист на Украинците.

Повод за жалбата и на Луксембург и на Португалија беа информациите во бразилските медиуми дека Мораес не смеел да добие украинско државјанство, ниту да игра за оваа земја бидејќи немал континуиран престој во Украина во период од пет години.

Сега случајот е конечно решен, а тоа го прифатија и од Фудбалската федерација на Луксеммбург со потврда дека нема да се жалат на повисоката инстанца, односно на Судот за спортска арбитража во Лозана.

 

- Оглас -

Најнови вести