Украина за првпат беше домаќин во 2022 и играше во Полска, а ја растури Ерменија

Украина за првпат номинално ја имаше улогата на домаќин во 2022 година, а поради воената ситуација и нападот на Русија мораше да игра во Полска, против Ерменија.

На Украинците воопшто не им пречеше што играа во Лоѓ, па ги декласираа Ерменците со 3:0 во меч од третото коло во првата група од Б сегментот во Лигата на Нации.

Руслан Малиновски со гол по едне час игра и донесе предност на Украина, а потоа прецизни беа и Каравев и Миколенко за втор триумф во Лигата на Нации и прво место на табелата со шест бода од два меча.

Ерменците имаат три бода по три меча, а Шкотска е со ист број на бодови по само едне одигран меч, додека последна е Република Ирска без бодови на два одиграни натпревари.

Последниот меч како домаќини во Одеса, Украинците го одигра во ноемврти лани кога ремизираа 1:1 во пријателски меч со Бугарија.

Потоа следеше низа од 7 меча на гостински терен, дел и од хуманитарен карактер со клубови од Европа.

- Оглас -

Најнови вести