Украинскиот тенисер Долгополов отиде во војна: Не сум Рамбо, но добро гаѓам во глава!

Поранешниот украински тенисер Александар Долгополов (33) го батали рекетот и се фати за автоматска пушка. По Сергеј Стаховски и Андреј Медведев, тој е третиот украински тенисер кој се приклучи во одбрана на својата земја.

Долгополов кариерата ја заврши на меч против Новак Ѓоковиќ во 2018 година, а врвот го достигна пред десет години, кога беше 13-ти на АТП-листата, има и четвртфинале на Отвореното првенство на Австралијан од 2011.

Кога почна војната, тој бил на одмор во Турција, поминал кратка обука за пукање и се вратил во родната земја.

„Имам среќа што професионален војник една недела ме учеше како да пукам. Многу сум благодарен. Не сум Рамбо, но станав доста добар со оружјето, можам да испратам куршум во глава во три од пет обиди од далечина од околу 25 метри во мирно окружување. Ќе останам во Киев додека не победиме, па и потоа“, изјави Долгополов, кој го брани главниот град на Украина.

Тој објави фотографија од шлем, панцир, автоматска пушка и неколку шаржери и напиша: „Некогаш рекети и жици, а сега ова“.

- Оглас -

Најнови вести