Ули Хенес нема да се рекандидира за претседател на Баерн Минхен

Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес, нема да поднесе трета кандидатура за претсетаделската позиција во клубот. Хенес ова го соопшти на одборот на директори пред неколку дена, а исто така го посочи човекот кој би сакал да ја наследи неговата одговорност. Станува збор за еден член на одборот на директори, Херберт Хајнер.

Хенес мина два мандати како претседател на Баерн, прво од 2009 година до 2014 година, пред да заврши во затвор за малверзација со данок. По неговото ослободување, Хенес во 2016 година беше реизбран за претседател добивајќи 97% oд гласовите. Пред  првпат да биде назначен за претседател, Хенес цели три децении беше генерален менаџер на Баерн и многу придонесе за финансискиот развој на Баварците.

На 15 ноември годинава се закажани избори, а покрај кандидатот на Хенес, Херберт Хајнер, за претседателската позиција ќе конкурираат Дитер Мајер и Валтер Мекенес, актуелните потпретседатели на Баерн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести