Ултиматум од Комити: Арсовска и Славевски имаат 48 часа да ги уплатат ветените средства, во спротивно следи радикализација

Навивачката група Комити им упати последен апел и ултиматум на градоначалниката на Град Скопје, Данела Арсовска, и претседателот на советот, Трајко Славевски, да ја уплатат ветената и изгласана финансиска помош за фудбалскиот клуб Вардар, а доколку тоа не се случи за 48 часа, тие ќе ја радикализираат борбата.

Советот на Град Скопје во јули со 34 гласа за и еден воздржан донесе одлука финансиски да му се помогне на најтофејниот фудбалски колектив во Македонија, а за суматата која треба да легне на сметката на клубот ќе одлучи Арсовска.

Но, до денеска парите сè уште не се уплатени на сметката на Вардар иако му се потребни на клубот за да функционира, по што навивачите им дадоа ултиматум и на Арсовска и на Славевски да го сторат тоа во следните 48 часа пред да ја радикализираат борбата.

„Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање!
Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме кој било да има таков однос кон клубот на народот. Затоа упатуваме јасно барање – постапете веднаш!
Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.
Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање“, стои во објавата на Комити.

- Оглас -

Најнови вести