Ултиматум за Рино, Де Лаурентис веќе му нашол замена?

Џенаро Гатузо, тренерот на Наполи, доби ултиматум од претседателот Аурелио де Лаурентис по поразот на Наполитанците од Верона изминатиов викенд.

Рино има 10 дена, односно во наредните три натпревари против Специја во Купот, како и против Парма и Џенова во Серија А да оствари позитивни резултати, во спротивно ќе биде разрешен од функцијата.

Италијанските медиуми тврдат дека Де Лаурентис веќе стапил во контакт со потенцијалниот заменик на Гатузо, Рафаел Бенитес, кој е слободен по прекинот на соработката со кинескиот клуб Далијан.

Бенитес е добро позната личност под Везув, со оглед на тоа дека ја предводеше екипата од 2013 до 2015 година, освојувајќи ги Купот и Суперкупот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести