Ултимејт фајт борец преживеа напад со граната во Бразил

Популарниот каубоец Алекс Оливеира на чудесен начин преживеа напад со рачна граната во Бразил и мина без сериозни последици.

Инцидентот се случил во едно од селата во околината на Рио де Жанеиро, а Оливеира, кој е познат ултимејт фајт борец, едвај спасил жива глава. Заврши во болница со полесни повреди и шрапнели во едната нога и во стапалото, кои биле отстранети со операција.

Оливеира ја напушти болницата и се чувствува добро, а вели дека му бил вперен и пиштол в глава, а засега непознатите напаѓачи имале и мачети и ножеви.

Досега бразилскиот УФЦ борец немал никакви испади ниту на рингот, ниту надвор од него.

- Оглас -

Најнови вести