Ултимејт фајт има многу легенди, ама вакво ремек-дело има само еден човек (Видео)

Ултимејт фајт борбите се екстра популарни и има многу легенди на атрактивниот спорт, но ремек-дело какво што изведе Ентони Петис пред точно една деценија веројатно нема никој , освен Американецот.

Во популарниот „WEC 53“ борбата на Петис и Бенсон Хендерсон одржана на 16. декември 2010 година беше прогласена за најдобар меч на сезоната и тоа најмногу благодарение на страшно атрактивниот летечки удар на победникот со кој го нокаутира својот ривал.

Петис скокна во воздухот и буквално леташе неколку секунди пред да ја погоди брадата на Хендерсон, кој падна како покосен. Легендарна битка со легендарен потег на американскиот уметник во MMA, што се уште се памети.

Погледнете го летечкиот удар и нокаут на Ентони Петис против Бен Хендерсон.

https://twitter.com/ufc/status/1246528465651851264?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести