Ултрасите на Интер до Лукаку: Беше крал, се враќаш како обичен играч

Најверните фанови на Интер, навивачката група „Курва норд“ испрати порака до Ромелу Лукаку по потврдата дека неговиот камбек во Милано е пред комплетирање.

Ултрасите не го заборавија начинот на кој Белгиецот го исфорсира трансферот во Челзи само пред една година, па му порачаа:

„Ние ќе го поддржуваме играчот и нема да го навредуваме и покрај неговото однесување минатото лето. Но, нема ниту да вееме шалови во негово име. Што и да се случи во иднина, Лукаку мора да ја заработи нашата почит со работа и пот. Го славевме како крал, а сега се враќа како еден обичен член на екипата“, стои во соопштението на навивачката група кое беше објавено на повеќе социјални медиуми.

- Оглас -

Најнови вести