Ултрасите на Интер го уништија муралот на Лукаку пред „Џузепе Меаца“ (фото)

Навивачите на Интер претходно пролетва му посветија мурал на Ромелу Лукаку во близина на „Џузепе Меаца“ стадионот, откако белгиската ѕвезда помогна на екипата да го освои Скудетото по една деценија пауза.

За жал, муралот не издржа долго, бидејќи ултрасите на Интер денес го уништија уметничкото дело во пресрет на преселбата на Лукаку во Челзи. Тој попладнево ги заврши медицинските прегледи и се упати кон Лондон и наскоро да го комплетира трансферот вреден 115 милиони евра.

Иако навивачите не се задоволни што човекот кој во две сезони постигна 64 гола за Нероаѕурите и беше клучен во шампионскиот поход кон титулата во Серија А, вината треба да се бара во раководството, односно газдите на Интер поради што не можат да ги регулираат финансиите и се случува егзодус на повеќе важни фудбалери.

Инаку, и самиот Лукаку во изминатиов период неколкупати порача дека нема да ја менува средината, ветување кое очигледно нема да го исполни.

- Оглас -

Најнови вести