Унаи Емери: Против Јувентус и реми е одличен резултат

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, ги сподели своите очекувања за утрешниот натпревар против Јувентус во Лигата на шампионите. Шпанецот истакна дека и нерешен резултат би бил позитивен за неговиот тим, но победата значително би ги зголемила шансите на Астон Вила да заврши во Топ 8 и да обезбеди директно учество во осминафиналето.

Емери потврди дека Езри Конса и Бубакар Камара ќе бидат достапни за дуелот и изрази почит кон тренерот на Јувентус, Тијаго Мота.


„Тијаго Мота беше врвен играч, многу интелигентен. Физички беше силен, а ментално – уште повеќе. Сега почнува да биде успешен и како тренер. Го ценам како личност, како играч, а сега и како тренер“, истакна Емери.

Тој зборуваше и за важноста на најпрестижниот европски клупски турнир.


„Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во светот. Сакаме да одиграме многу натпревари и се надевам дека ќе бидеме дел од турнирот до последниот месец од сезоната. Утрешниот натпревар е многу важен, но дури и да не победиме, бодот ќе биде добар резултат бидејќи ќе останеме меѓу првите осум. Ако победиме, ќе бидеме меѓу главните фаворити за пласман понатаму“, посочи менаџерот на Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести