Ундер е второто летно засилување на Лисиците кое доаѓа од Серија А

Лестер го комплетираше ангажманот на Ченгиз Ундер на едногодишна позајмица од Рома. Лисиците платија три милиони евра за привремениот трансфер, а следното лето имаат опција да го откупат турскиот репрезентативец за сума од 24 милиони евра.

Ундер е второто летно засилување за тимот кој го предводи Брендан Роџерс и воедно втор ангажман од Калчолигата, откако претходно на „Кинг Пауер“ стадионот пристигна Тимоти Кастањ од Аталанта.

Ундер пристигна на „Олимпико“ во 2017 година од редовите на Башакшехир и настапи на вкупно 88 натпревари за Римската волчица, во кои реализира 17 гола и 12 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести