Унгарија ќе игра на ЕП, иако до 88-ма минута губеше со 0-1

Со прекрасниот гол на ѕвездата во подем Доминик Собослаи во 92-ра минута, репрезентацијата на Унгарија го победи Исланд со 2-1 во финалето на баражот за пласман на ЕП. Само четири минути подоцна, Унгарија даде гол за изедначување, откако Исланд долго време беше во водство и блиску до место на завршницата.

Унгарија на ЕП ќе биде дел од „групата на смртта“ со Германија, Франција и Португалија.

Погледнете го голот на Собослаи кој ја фрли во транс цела Унгарија:

 

- Оглас -

Најнови вести