Унгарската Влада вложува во НК Осиек – Премиерот Орбан говореше на прес, на Хрватите не им е сеедно

Унгарскиот Премиер Виктор Орбан изненади многумина со присуство на прес-конференцијата на хрватскиот прволигаш Осиек, а говореше за амбициите да се атакува на титулата во иднина.

Хрватите се изненадени, а лавина на коментари има на социјалните мрежи, по очигледното признание на Премиерот на Унгарија дека соседната држава вложува во познатиот хрватски клуб.

„На почетокот мислев дека нема да успееме, но сега дури и станав навивач на Осиек. Почнавме заедно да ја развиваме оваа приказна, а во иднина се надевам дека ќе се атакува и на титулата“, изјави Орбан.

Ваквото отворено признание дека Унгарија, па и тоа преку својот Премиер вложува во хрватски клуб не им се допадна на поголемиот дел на фудбалски фанови во Хрватска.

„Што воопшто бара овој господин тука. Нели е забрането да се меша политика и спорт“, е само еден од многуте коментари на социјалните мрежи.

Ваков настап на Премиер на друга држава во странски клуб досега е незабележана, а според кодексот на УЕФА е и забранета, бидејќи политиката очигледно се меша во спортот.

- Оглас -

Најнови вести