Унгарците ги утнаа дресовите, па останаа и со куси ракави против Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер славеше со 21-19 против унгарска Татабања во дуел од Европската лига на ЕХФ одигран во Битола. Средбата имаше интересна увертира, мечот почна со половина час доцнење бидејќи гостите во сала дојдоа со погрешни дресови, па се враќаа во хотел да ја земат опремата со која требаше да играат.

Инаку, утре овие тимови повторно ќе играат еден против друг во салата „Борос Чурлески“, тогаш Унгарците официјално ќе бидат домаќини и тогаш ќе може да играат со дресовите со кои по грешка мислеа дека треба да настапат и денеска.

Е. Пелистер добро отвори, поведе и со пет гола разлика (8-3 и 9-4), но гостите се созедоа и се доближија, па на полувреме беше 11-10 за македонскиот тим. Татабања беше подобра во првата половина на второто полувреме и во неколку наврати водеше минимално, но серијата на битолчани од 4-0, по која од негатива 16-17 дојдоа на плус од 20-17, им донесе мирна завршница.

Хрватите Кушан со 6, Мандалиниќ со 5 и Мараш со 4 гола беа најефикасни кај Е. Пелистер.

 

- Оглас -

Најнови вести