Шанса што не се пропушта – Станете акционер во шпански клуб со 100-годишна традиција

Реал Мурсија е во голема финансиска криза и клубот со 100-годишна традиција во шпанскиот фудбал и 18 сезони минати во највисокиот ранг на натпревари бара помош за спас со продажба на акции.

Членот на третата шпанска лига објави понуда за купување акции по симболична цена од 7,5 денари, или 0.12 евра, за да собере пари за да може да продолжи да постои.

Блок од 100 акции чини околу 12 евра, а досега клубот собра околу 370 илјади евра, што ќе помогнат да се одржи во живот.

Конечна цел на клубот што е основан во 1920 година и во февруари прослави 100-годишнина е да се продадат акции во вкупна вредност од над 2,2 милиони евра.

Најголем успех на Реал Мурсија е пласманот во четвртфиналето на Кралскиот куп на Шпанија во сезоната 1982/83, а во Првата лига на оваа земја игаше 18 пати со највисоко достигнување – пласман на 11-тата позиција во четири наврати.

- Оглас -

Најнови вести