Унионистите грмеа од радост, им падна Реал Мадрид за противник во купот (Видео)

Шпанскиот третолигаш Унионистас од Саламанка доби вистински џекпот и ќе игра против гигантот Реал Мадрид во Копа дел Реј, а радоста беше голема кога се дозна името на следниот ривал.

Приказната на клубот е интересна и тој постои од 2013 година, кога самите навивачи се организираа и го формираа клубот кој се темели на претходниот клуб што по 90-годишна традиција згасна поради беспарица.

Почнаа од седмата шпанска дивизија и многу брзо стигнаа до третата шпанска лига, а сега ќе го имаат најтрофејниот клуб во Шпанија за ривал во 16-финалето на Копа дел Реј.

Во претходната рунда екипата од Саламанка успеа да ја елиминира Депортиво Ла Коруња со 2:1.

Погледнете ги моментите непосредно пред ждрепката и радоста кога дознаа дека ќе играат против Кралскиот клуб од Мадрид.

https://twitter.com/UnionistasCF/status/1217059058118688769?s=20

Еве ги сите двојки во шпанскиот куп:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести