Упад во системот – Реал Мадрид се пишмани, договорот со Реал Сосиедад не важи, Зидан нареди да се врати Одегард

Зинедин Зидан ќе го врати назад во Реал Мадрид одличниот Норвежанец Мартин Одегард, а Кралскиот клуб му направи вистински упад во системот на Реал Сосиедад.

Најпрво беше договорено и објавено дека 21-годишниот играч од средниот ред ќе остане и втора сезона во клубот од Сан Себастијан, како позајмен играч од Реал Мадрид, солуција што ја прифати и самиот фудбалер, но сега има пресврт.

Зидан инсистира Одегард да се врати во Мадрид и да се подготвува за новата сезона за настап во дресот на Реал.

Ваквата одлука не им се допадна во таборот на Реал Сосиедад бидејќи Одегард играше одлично за нив минатата сезона и во сите планови повторно Мартин им беше еден од силните адути и за новата сезона во Ла Лига и за настап во Лигата на Европа.

Моментно 21-годишниот играч е на рехабилитација по повредата на десното колено, но сигурно е дека ќе мора да се јави на почетокот на подготовките на клубот што го купи во 2015 година од норвешки Стромсгодсет.

Одегард одигра само еден меч за Реал Мадрид на 23 мај 2015 година, кога го замени Кристијано Роналдо на мечот со Хетафе и стана најмладиот дебитант во историјата на Кралскиот клуб со настап на возраст од 16 години и 157 дена.

- Оглас -

Најнови вести