Упасени навивачи на Фламенго – Членови на банда планирале убиства на полицијаци на Маракана

Полицијата во Бразил упаси 16 навивачи на Фламенго, како дел од поголема група која планирала инвазија на „Маракана“ за задутрешниот меч против Гремио во Копа Либертадорес, со цел да заробат, па дури и да убиваат припадници на безбедносните сили.

Полицијата пресретнала пораки на социјалните мрежи на една банда во Рио Де Женеиро, како декларирани навивачи на Фламенго, што имала за цел да упадне на легендарниот стадион и да започне инциденти и битка со полицијата.

Фламенго задутре ќе го игра реванш мечот од полуфиналето на Копа Либертадорес против Гремио, во бразилската пресметка за финале, а има одлични 1:1 од првиот дуел.

Реваншот од второто полуфинале се игра ноќеска во Буенос Аирес меѓу ланските финалисти, Ривер плејт и Бока Јуниорс.

Бока е домаќин на „Бомбоњера“, но има негатива од 0:2 против актуелниот шампион на Јужна Америка и вечен ривал Ривер плејт.

- Оглас -

Најнови вести