Упати порака до Македонецот и си доби дрес: „Миовски ти си најдобар во светот, мојот омилен играч“ (Фото)

Бојан Миовски продолжува да блеска во дресот на Абердин. Македонскиот голгетер денеска постигна два гола на дуел од осминафиналето на купот на Шкотска против четвртолигашот Бонириг роуз и Абердин лесно помина во следната фаза.

Со овие два погодоци, Миовски стигна до бројката од 22 гола сезонава и не случајно  е меѓу омилените кај навивачите. По завршување на мечот против Бонириг роуз, Миовски израдува еден млад навивач на Абердин.

Детето беше подготвен да го добие дресот од Македонецот и на картон имаше порака за Бојан. „Миовски те молам, може ли да го добијам твојот дрес. Ти си најдобриот во светот. Ти си мојот омилен играч“, стоеше во пораката од младиот навивач, кој дури имаше нацртано човече кое личи на Миовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести