Урнат светски рекорд во фрлање ѓуле (видео)

Американецот Рајан Краузер постави нов светски рекорд во фрлање ѓуле со 23,37 метри, што е 25 сантиметри повеќе од рекордот на сонародникот Ренди Барнс чиј што рекорд стоеше уште од 1990 година.

По повеќе од две децении Краузер постави нов рекорд на квалификацискиот турнир во САД, со што си обезбеди место на Олимписките игри во Токио каде што ќе го брани златниот медал во оваа дисциплина, освоен во Рио во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести