Урнебесна прослава ја одбележа победата на Вест Хем над Тотенхем (Видео)

Вест Хем го изненади Тотенхем со 1-0 во лондонска пресметка од Премиерлигата, и ја вжешти трката за третото место кое води во Лигата на шампионите. „Чеканите“ му ги расипаа плановите на третиот Тотенхем кој делуваше заморено во второто полувреме, и станаа првиот гостин кој го победи Арсенал на „Емирејтс“ и прв гостин што победи на новиот стадион на Тотенхем. Очигледно дека им лежат новите објекти во северниот дел на Лондон.

Стрелец на голот беше Мајкил Антонио, кој имаше контроверзна прослава на голот која ги подели мислењата. Некои велат била чудна, други урнебесна, трети некултурна и дека требало да добие црвен картон. Антонио во кариерата има дадено 26 гола, сите од внатре во 16-никот.

Погледнете како Антонио ги прослави првиот гол за една гостинска екипа на новиот стадион на Тотенхем:

- Оглас -

Најнови вести