Уругвај е нов светски младински шампион! (Видео+Фото)

Репрезентацијата на Уругвај е нов освојувач на Светското првенство за фудбалери до 20 години кое се одржуваше во Аргентина откако доцна синоќа ја совлада Италија во големото финале со минимални 1-0.

Единствениот погодок на мечот беше дело на Лучијано Родригес во 86-тата минута.

Ова за Уругвај е прва младинска светска титула, а до неа стигнаа во третиот обид откако претходно ги губеа финалните натпревари во 1997 и 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести