Уругвај го најде лекот за сензацијата Израел и ќе игра во финалето на Светското првенство (Фото)

Репрезентацијата на Уругвај е првиот финалист на Светското првенство за фудбалери до 20 години кое се одржува во Аргентина откако во полуфиналето го совлада Израел со минимални 1-0.

Единствениот погодок вреден пласман во финалето беше дело на Андерсон Дуарте во 61-вата минута. Уругвај по седми пат игра во полуфиналето на првенствата за играчи до 20 години, а во третото финале ќе се обиде да дојде до првиот трофеј. Противникот ќе го дознаат доцна вечерва по европско време, откако ќе се одигра дуелот помеѓу Италија и Јужна Кореја.

Селекцијата на Израел на ова првенство е дебитант и успеа да стигне до полуфиналето. Нивниот пат е интересен бидејќи Светското првенство беше планирано да се одржи во Индонезија, но откако властите во оваа земја им забранија влез во државата од политички причини, првенството беше преместено да се игра во Аргентина, а тие го постигнаа најголемиот успех и докажаа дека минатогодишниот успех на Европското првенство за млади фудбалери не бил случаен.

- Оглас -

Најнови вести